Секогаш изборите, сеедно дали се локални или парламентарни, предизвикуваат оставки. Премиерот најави дека ќе поднесе оставка. На неколку наврати Заев има дадено јавни ветувања и ако по нешшто се памти е што не се држи за ветувањата, па затоа опозицијата не веруваше дека навистина ќе поднесе оставка, рече Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците во гостувањето на Утрински брифинг.
Села вели дека имал можност да го гледа Димитар Ковачевски во Собранието кога се носел буџет, му честитал на новата позиција и изрази надеж дека ќе даде придонес кон демократијата и излезот од кризата.
-Сега се наоѓаме во потешка ситуација отколку во времето на Груевски. Оти тогаш имавме надеж за промена. Сега имаме полоша ситуација во правосудството. Секој ден гледаме дека пак се владее по истата логика, само имињата се сменети, вели Села.
Села вели дека треба, како земја кандидат за влез во ЕУ, треба да побараме помош за правосудството од Унијата без оглед што сѐ уште не сме членка и не сме се откажале од дел од суверенитетот. Тој смета дека треба однадвор да дојде некој да суди во спорови за кои постои сомнеж.