Зијадин Села го повтори својот став дека партијата треба сама да настапи на претстојните избори. Тој вечерва на тв24 рече дека „Арбен Таравари работи на уништување на АА и се користи како марионета на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Стојам на ставот дека треба сами да одиме на избори и сум против самоволието во една партија. Нема да дозволам тоа да се случи во моментот кога јас сум претседател на Алијанса. Чинителот кој доведе до таква ситуација во Тетово е Таравари. Кога делуваш политички по наредби, не може да се спречи разединување и тој работи на уништување на Алијансата“ – кажа Села.
Најважно според него било партијата да остане соединета, а во наредниот период, напомена, дека ќе се разјаснат многу работи.
„Се договориме со Таравари дека на изборите Алијанса ќе оди сама и потоа се случи тоа. Не знам кој раководел со Таравари, сега Алијанса се враќа на патот“ – потенцира Села.
Тој демантира дека поддржува кандидат на ДУИ за претседател на државата и вели „Таравари ја имаше мојата целосна поддршка ако излезеше како кандидат на Алијанса, но од моментот кога дезертираше, тој не е кандидат на Алијанса“.
На Таравари му порача дека не му доликува да ја шверцува партијатата за нечии интереси, а не ни заслужува да се нарекува претседател на партија.