654
По денешната координативна средба на лидерите со техничкиот премиер Оливер Спасовски, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села апелираше да не се шири паника за новонастанатата ситуација со корона вирусот.
„Апелирам кон граѓаните да не паничат, оваа ситуација ќе помине. Последиците од овој вирус не се различни од оние на сезонскиот грип. Ги повикувам фармацевтските компании да не ја злоупотребат оваа ситуација за правење на профит. Се договоривме да ги следиме препораките и јас не се разликувам од било кој обичен граѓанин на Северна Македонија. Се додека се соочуваме со проблем за изолација, тоа е знак дека немаме капацитет и е руинирање на здравствениот систем“, истакна Села.