422
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, му испрати порака на премиерот, Зоран Заев, додека траеше лидерската средба синоќа во Владата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
На својот фејсбук профил Села напиша дека албанските партии се свикуваат на средба само кога има потреба од гласовите на Албанците.
„Кога се потребни гласови на Албанците, средба со сите лидери на политичките партии. Кога станува збор за државата, состанок само со партнер за државата – Мицкоски. Затоа, НЕ заедничко општество за сите, туку држава за сите “, пишува Села.