Села: СЈО да продолжи да постои со обвинител од странство и да се судат сите функционери кои се огрешиле од 90-те до денес

by fokus

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска изрази загриженост од игнорирањето на Алијансата за Албанците од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието. Според него неприфатливо е за нивните амандмани за Законот за обвинителство дури да не се ни дебатира.

-Го осудуваме таквиот однос на премиерот на државата кој се однесува ноншалантно спрема опозицијата. Ваквото однесување во иднина нема да го дозволиме.Неприфатливо е и однесувањето на трите политички партии кон амандманите што Алијансата за Албанците ги има поднесено за законот за јавно обвинителство. Ние имаме поднесено повеќе амандмани од сите политички партии заедно, околу 30, и не е дозволиво ниту со Деловникот на Собранието некој да избира неколку амандмани од  ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ и од СДСМ а на другите амандмани дури да им се одземе правото да се дебатираат пред јавноста за да види кој е нашиот предлог“, се пожали Села.

Алијансата за Албанците предлага да се судат сите функционери инволвирани во корупција или криминал од 90-тите години до денес, а на чело на СЈО да дојде обвинител од странство.

-Нашиот предлог е дека СЈО треба да се зачува. Во врска со тоа имаме околу 27 амандмани за новиот предлог-закон за ЈО. Ова не е игра, не можеме ние секоја година да формираме нови обвинителства. Имаме едно СЈО, можат да се покренат промени на законот за СЈО и  тогаш да се земат во предвид  и предлозите што ги има  македонската опозиција во врска со тоа да нема рок,а  секој политичар, функционер и во минатото, од 90-тите години наваму, кој згрешил пред законот да одговара. Другиот наш предлог  е во иднина со СЈО да раководи обвинител од странство, од земјите на Европската Унија или САД, истакна Села.

Поврзани новости