316
Со 606 гласа „за“ и еден „против“ денеска Зијадин Села беше реизбран за претседател на Алијансата на Албанците на Конгресот во Тетово.
На конгресот беа донесени и статутот на партијата, платформата и резолуцијата на партијата, која во себе содржи барање до Владата за промена на Уставот, за албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот јазик.
Во своето обраќање Села, потенцираше дека бара двојазичност и бинационална држава.