Села: Промената ќе дојде и граѓаните ќе бидат слободни

by fokus

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, своето гласачко право го оствари во неговото родно место, струшкото село Ливада.

Во изјавата дадена за медиумите веднаш по гласањето Села истакна дека политичката партија на власт од албанскиот блок врши притисоци врз гласачите, но и се обидува да прикрие нерегуларности во изборниот процес.

– Политичката партија на власт од албанскиот блок постојано прави притисоци последните денови. Информирани сте и за многу нерегуларности, уцени, поткуп итн. И денеска се обидуваат во некои изборни места да направат проблеми. Имаше еден инцидент, ме информираа во Велешта, треба да го прашате командирот на Полициската станица во Струга да го пријави инцидентот, а не да го скрие истиот. Но, секогаш велам, кога народот сака промена, никој не може да го спречи. Промената ќе дојде и граѓаните ќе бидат слободни, рече Села.

На гласачкото место во училиштето во Ливада, Села пристигна и гласаше заедно со неговата сопруга.

Поврзани новости