Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска пред Собранието порача дека новото парламентарно мнозинство е направено со цел рушење на оваа Влада.
„Не мора за значи дека ако Скендер Реџепи не сака да стои на иста листа со Левица дека мнозинството го немаме. Ние правиме се само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка. Ако се зборува за анти албанска и анти нато албанска партија, зошто зборуваат само за Левица која е нова и мала партија. Зошто не зборуваат за ВМРО и СДСМ, или се чуваат затоа што еден треба да седнат со нив и да разговараат за влез во Влада. Што се однесува за НАТО, НАТО е завршена работа, Македонија е негова членка и никој не може да ја извади од тој сојуз. Истото важи и за Косово. Косово е признаена независна држава од страна на Македонија и никој тоа не може да го врати назад, особено не партија нова и мала како Левица. Новото парламентарно мнозинство е направено со цел рушење на оваа влада“-изјави Села пред Собранието.