Села побара ВМРО да не го блокира законот за јазиците

by Фокус

Нема смисла однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници дојдоа во Собранието за да се спротивстават на една третина од интересите на граѓаните, реагираше лидерот на Алијансата на Албанцитe, Зијадин Села.

-Блокирањето на законот за јазици е заради казнување од целата јавност. Нека ги тргнат рацете од ваков однос кој има само цел да собере политички поени – рече Села.

Тој додаде дека за него не е прифатлива формулацијата „употреба на јазикот кој го зборуваат 20 отсто од граѓаните“, туку, според него, во законот треба да биде нагласено дека се работи за албанскиот јазик.

Поврзани новости