Села: Одлуката на Бајден е за корумпираните

by fokus

Наредбата на претседателот на САД Џо Бајден е за воведување санкции за лица одговорни за корупција во регионот, кои се вклучени во злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на приватен имот за лична или политичка корист или вмешани во мито, велат од Алијанса за Албанците.

„Указот на претседателот Бајден ја погодува корупцијата, Владата да не манипулира. Убедени сме дека коруптивни елементи имало во сите претходни влади, како и во сегашната“, велат од партијата на Зијадин Села.

Од таму ја оценуваат како несериозна тенденцијата на вицепремиерот за борба против корупцијата и на Владата да го сокријат целосниот неуспех во борбата против криминалот и корупцијата, пристапувајќи кон оваа наредба само од политичката призма на Охридскиот и на Преспанскиот договор.

Поврзани новости