Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

by Fokus

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ на претстојните избори.

-Завршивме со седницата на Централното собрание на АА како што најавив за точките на дневен ред, требаше да донесеме неколку одлуки, меѓу кои за шеф на Изборниот штаб беше избран Тирон Јајага, заменик министерот за одбрана. Одлучувавме и за понудата од страна на Европскиот фронт, јас веќе ги објаснив позициите на АА – делегатите едногласно одлучија, еден беше против, и четворица возржани за АА да биде дел од Европскиот фронт, дел од одговорностите што треба да ги преземеме, за да нашата иднина биде уште подобра, рече Села.

Тој нагласи дека очекуваат да добијат најмалку пет пратенички мандати.

-Ние сме се договориле во оваа коалиција, АА да ја зачува парламентараната група во Собранието. Но како резултат на гласањата од гласачите, овие бројки може и да се зголемат. Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите. Од друга страна АА ќе има минимум парламентарна група, рече Села.

Поврзани новости