Села одговара дали би коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ: Да не помисли некој да дојде кај мене и да бара да се измени Законот за јазици

by fokus

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за постизборна коалиција и формирање на влада, односно дали би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние ќе одиме во коалиција со тој политички субјект кој ја прифаќа Програмата на Алијанса за Албанците и комотни позиции немам намера да му создадам на ниту еден политички субјект во македонскиот политички блок. Дали сум јасен?!“, изјави Села.

На барањето на новинарот да дообјасни, што ќе се случи доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на масата со ставовите кои ги промовираат и во кампањата, кога велат– ако имаме две третини ќе го промениме Преспанскиот договор, тоа што Бугарија го бара од нас е неприфатливо, треба да го смениме Законот за јазици согласно со препораките на Венецијанската комисија…

„Еве и јас ќе им одговорам. Да не ни помисли некој да дојде кај мене и да бара од мене да се измени Законот за јазици. Ние сме одговориле во некои случаи. Законот за јазици само може да се унапреди, а не може да има враќање назад“, вели Села.

Поврзани новости