690
Изразувам длабока загриженост и негодување за процесот на необјавување на резултатите од изборите, порача денес лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
-Преголемите доцнења предизвикуваат сомневања за можна манипулација со изборниот процес и конечниот резултат. Има многу информации од теренот кои не одговараат на резултатите објавени од Државната изборна комисија во раните утрински часови. Има многу сомнителни резултати на многу избирачки места. Имаше сериозни обиди, но и активности насочени кон отуѓување на волјата на граѓаните – рече Села.
Тој апелираше што побрзо да се објават официјалните резултати од гласањето на 13, 14 и 15 јули.