Села: Не може Зибери да стане народен правобранител, туку кадар на опозицијата

by Фокус

Зијадин Села, лидер на Алијансата за Албанците, во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ 21 рече дека не е можно Насер Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција, според него, е наменета за опозицијата.

Инаку, денеска дел од медиумите објавија дека Зибери треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на позиција народен правобранител.

Зибери беше кандидат за премиер на ДУИ на последните избори.

Поврзани новости