849
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечер на ТВ21 изјави дека после изборите немале конкретна понуда од СДСМ за коалицирање за Влада.
-Ние дадовме предност на ДУИ да преговара со СДСМ, за да може ДУИ да добие премиер Албанец за четиригодишен мандат. ДУИ тоа не го направи и треба да оди во опозиција – рече Села.
Според него, предизборната реторика на ДУИ и СДСМ била манипулација со јавноста во меѓусебна координација.
-Тоа што го правеше со Груевски во минатото, сега Ахмети го прави со Заев – истакна Села.
Тој го повтори ставот дека ДУИ украла гласови на изборите на штета на коалицијата на Алијансата и Алтернатива.