Села: На Македонија ѝ требаат предвремени парламентарни избори

by fokus

На Македонија ѝ требаат предвремени парламентарни избори. Само преку еден изборен процес може да се променат работите и да се движат кон правата насока. Сите аргументи дека не е време бидејќи нели очекуваме датум за Европска унија итн., се аргументи кои имаат за цел да го држат статус-квото во ова општество. Ако имаме предвид дека едно од најважните прашања за Европската унија се реформите во правниот систем, СЈО итн., тогаш веќе да заклучиме дека причината зошто можеби нема да добиеме датум е фактот што ДУИ е внатре во коалиција со СДСМ и тоа е факторот кој оневозможува да се случуваат вистински реформи од правниот аспект тука во Република Северна Македонија, изјави Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој додаде:

– И имајќи предвид дека изборите конечно ќе ја вратат демократијата во албанското општество и ДУИ ќе си замине во опозиција, мислам дека предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

Поврзани новости