Села: Можеби ќе земеме пратеници и од ДУИ

by fokus

Коалициските партнери на Зоран Заев нема да сакаат да одат со Заев на наредните избори, затоа што гледаат дека Заев тоне. Ние ќе создадеме ново мнозинство, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

-Немам контакт со Левица, ќе видиме. Ќе земеме можеби и од ДУИ пратеници. Како и да е, од понеделник ќе започне процесот на собирање на доволен број пратеници и создавање на ново владино мнозинство, рече Села.

Поврзани новости