Села: Ќе ставиме крај на кражбата на пари од народот

by Фокус

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во рамките на предизборната кампања со мотото „Сега е време“ денеска го отвори општинскиот штаб во Кичево. Лидерот на АА Зијадин Села порача дека кога ќе дојдат на власт нема да ги отпуштат административците, туку ќе ги распределат на соодветни работни места.

-Вие како жители на Кичево се соочивте со разочарување, ние го поддржавме албанскиот кандидат во Кичево, додека оние во Струга се собраа за да не соборат, но Албанците ги разбраа овие манипулации. Ние ќе ги оствариме реалните и оригиналните соништа на Албанците. Ние ќе ги вратиме работните места кај Албанците на кои некои незаслужено им ги земаа. Ние ќе ставиме крај на кражбата на пари од народот. Ние ќе сториме се вашите даноци да останат тука на локално ниво во Кичево – рече Села.

Поврзани новости