416
Зијадин Села, лидер на ДР-ДПА, порача дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти владината коалиција.
Села дообјаснува дека тоа би била последна мерка за која се надева дека ќе нема потреба да се преземе.
Според него, не е неопходно тоа што нацртот прво да оди на мислење во Венецијанската комисија.