Села: Ќе го поддржиме Заев и да не бидеме дел од владата

by fokus

Без разлика дали ќе влеземе во новата влада или не, ќе му дадаме целосна поддршка на мандатарот Зоран Заев да раководи со државата, изјави лидерот на ДР-ДПА и претставник на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното интервју за телевизијата Алсат.

Што се однесува до владината програма, тој рече дека инкорпорирани се предизборните ветувања на Алијансата на Албанците кои ќе придонесат за подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани кои живеат во Македонија.

 

Поврзани новости