Коалицијата „Вреди“ преку соопштение вчера поставија ултиматум до Зијадин Села и Кренар Логар дека доколку до сабота се предомислат и да им се приклучат, ќе ги добијат печатите на Алијансата за Албанците за самостоен настап.
-Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно и недвосмислено се определени да го испратат ДУИ во опозиција. Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап, се вели во соопштението на коалицијата.
Потсетија оти Арбен Таравари неодамна јавно им понуди на своите сопартијци од фракцијата во Алијанса за Албанците да им ги потпише листите доколку одлучат да настапат самостојно на претстојните избори.
-Зијадин Села и Кренар Лога смислиле евтино алиби зашто ќе одат спротивно од волјата на мнозинството Албанци. Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи ние знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети. Затоа и го направи расколот во АА, се посочуват во соопштението.