Лидерите на Алијансата за Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Биљал Касами, чиј кандидат за претседател Блерим Река освои скоро 80.000 гласови во првиот изборен круг, велат дека овој резултат е порака на Албанците кон албанските елити на власта.
-Во сите населени места и општини со албанско мнозинство, професорот Река доби резултат 3:1 минимум, има и населени места каде доби со резултат 4:1. Истата порака ја пренесува и ниската излезност во општините со албанско мнозинство. Бојкотот по дефиницијата е бојкот кон мнозинството и владиното мнозинство, а никако не е бојкот кон опозицијата, која се стреми да донесе измени – вели Села.
Касами, пак, изјави дека дека првиот изборен круг покажа дека Албанците сакаат промени како што, според него, се случи во македонскиот политички кампус.
-Ако Премиерот и натаму продолжи да биде заробен и да ги брани албанските криминалци само за тие да му служат нему, тој треба да знае дека ќе го повлечат во дупката во која се паднати тие одамна – рече Касами.
Тие, заедно со Река, порачаа дека нема да се пазарат со гласовите што ги добија, оставајќи го електоратот сам да одлучи како ќе се позиционира во вториот изборен круг.