Села и Гаши се уште чекаат одговор од ДИК дали ќе го добијат местото на БЕСА во избирачките одбори

by Фокус

Алијанса за Албанците и Алтернатива веќе неколку дена чекаат одговор од Државната изборна комисија дали ќе го добијат местото на четвртиот член во избирачките одбори.

Законски, тој припаѓа на опозициската партија на Албанците што освоила најголем број на гласови на последните парламентарни избори.

Во случајов тоа е партијата БЕСА, меѓутоа нивното коалицирање со владејачката СДСМ предизвика дилема дали можеби треба да го отстапи местото во одборите.

-БЕСА се заедно со СДСМ, се надевам дека четвртиот член ќе биде на АА, нелогично и парадоксално е една коалиција да има двајца членови во одборите – рече генералниот секретар на АА Арбен Таравари.

Поврзани новости