674
Лидерите на коалицијата „Сега е време“, Зијадин Села и Африм Гаши, на заедничката прес-конференција изјавија дека убедливо победиле во сите општини во шестата изборна единица, освен во Желино.
-Арачиново повторно е бастион на Албанците. Но, во Сарај се случи феноменот на полнење на кутиите, но секако чекаме резултатите да ја потврдат победата на коалицијата – рече Села.
И Гаши упати обвинување за полнење на кутии, најавувајќи победа во албанскиот табор.