Села и Гаши: Одложувањето на пописот им прави штета на Албанците

by Фокус

Зоран Заев и Христијан Мицкоски ги понижија Албанците преку Али Ахмети, реагира албанската опозициска коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива, по денешната лидерска средба која резултираше со договор за одложување на пописот и деблокада на парламентот.

„Самиот Зоран Заев потврди дека само го известил Ахмети за одлуката за одложување на пописот по телефон и дека не го прашал за неговиот став во врска со оваа прашање. Мицкоски, во меѓувреме, го нарече само квантитет, а не квалитет. На овој начин, од партија што влезе во владата мамејќи не со „албанскиот премиер“, ДУИ денес се претвори во партија што им прави поголема штета на Албанците, овој пат со одложување на пописот“, реагираа од партиите на Зијадин Села и Африм Гаши.

Инаку, Заев утре ќе одржи средба со Села и Гаши во однос на нивното барање за носење на Закон за државјанство.

Поврзани новости