720
Алијанса за Албанците има нов кандидат за градоначалник за Општина Боговиње која досега ја водеше нивниот член Албон Џемаили. Кандидат за градоначалник ќе биде Садик Сулејмани, кој беше избран вчера вечер на партиското Собрание кое се одржа во Боговиње.
„Алијанса за Албанците и Алтернатива со мнозинство гласови избраа нов кандидат за градоначалник на Боговиње, Садик Сулејмани. Актуелниот прв човек на општината Албон Џемаили му честиташе на новиот кандидат и му посака успех во кампањата, ветувајќи негова поддршка“, соопштија од АА.
Од партијата на Зијадин Села додаваат дека во пресрет на локалните избори покажале демократска вредност, со тоа што на секој член му дозволиле да се натпреварува.