Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Алсат М“ рече дека владината реконструкција била само козметика и дека не биле „изметени“ функционери во институции кои биле најскандалозни. Според него очекувањата на граѓаните не биле исполнети.
-Почнувајќи од вицепремиерот за евроинтеграции, Министерството за образование, транспорт и други министерства. Еден министер кој беше најскандалозниот во текот на овој период на владеењето, односно г. Дураку. Тој сега беше награден – вели Села.
Тој ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.
Во врска со изјавата на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој од собраниска говорница го нарече Села кукавица и дека затоа добил „ќотек“, како што рече на 27 април, Села возврати дека Груби имал среќа што во тој момент не бил во Собранието.
-Тој има такво однесување, како маже е, и сакаше Господ јас да не бидам таму, иако тој знае да глуми и да посочува со прст, еве го избега. Во моментот кога тој држел говор јас сум го поминал Кичево на пат кон Струга. Но, знаете што, мислам дека не вреди да се коментира политичкото однесување на еден човек што го знае целата јавност. Дека кога се ангажирал во политиката, Муса Џафери и Али Ахмети мерката не му ја земале од главата туку од друго место – рече Села.