564
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, обелодени дека функционери на ДУИ поседуваат имот во соседна Албанија, поточно во градот Драч кој се наоѓа покрај Јадранското крајбрежје.
-Овие имоти се стекнати на сомнителни начини и албанската држава треба да ги истражи овие наводи – рече Села во интервју за Пресинг ТВ.
Според него, ДУИ се покажало како полоша опција за Албанците и во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
-Иако Заев не успеа да ги реализира своите ветувања, тој беше подобар од Груевски во некои политики, но ние уште ги бараме нашите права. Албанците ме прашуваат кои се полоши, СДСМ или ВМРО, јас им велам дека полоша од нив е ДУИ – изјави лидерот на АА.
Тој порача дека крајно време е ДУИ да замине во опозиција.