745
Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и „Алтернатива“ синоќа во Гостивар одржа предизборен собир со жителите на населбите Леска и Дутлок. Пред партиски членови и симпатизери, беа претставени делови од предизборната програма „Трансформиран Гостивар“.
„Победата од Гостивар ќе се пренесе во Струга и секоја општина до Липково. Конечно дојде времето на демократија, слобода, надеж кои доаѓаат со овие промени. Политичките противници попусто трошат време, бидејќи Арбен Таравари нема да падне, затоа што е прв во Гостивар и ќе победи уште во првиот круг“, рече Сеља.