727
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за емисијата „200“ на Алсат, првпат проговори по последните политички случувања во Македонија. Како што истакна тој „разделбата“ со Алтернатива е разочарувачка.
„Се чувствувам разочарано, не можам да се чувствувам поинаку, но и горд на секој пратеник на АА, на секој претставник на АА, кои се сериозни и решителни. Знаеме дека имавме 12 пратеници од народот, овие 12 пратеници не се сопственост на субјектот туку се сопственост на граѓанинот кој гласал за промени“, рече Села.