669
Лидерот и пратеник од Алијансата за Албанците, Зијадин Села вели дека вчера гласал за Законот за употреба на јазиците, иако на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал.
Тој во изјава за „Фокус“ тврди дека некој очигледно сака да си игра политика, па го избришал неговото име.
„За тоа треба да се обратите до собраниските служби, тие мора да знаат што се случило. Јас кога гласав си покажа дека е гласано. ДУИ најверојатно стои позади тоа заради ниска пропаганда – додаде Села.