По Нова Година ќе стане јасна коалицијата на албанските опозициски политички партии. Ваква е најавата на претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села кој гостуваше во емисијата “360 Степени“ на Алсат. Тој рече дека во случај да не успее коалицијата со Беса и Алтернатива, тогаш Алијансата може да оди сама на изборите.
Запрашан колку пратенички мандати може да добие актуелната албанска опозиција на изборите на 12 април, Села рече дека според анализите на Алијансата, трипартиска коалиција би гарантирала најмалку 15 пратеници, а ако одат во коалиција со само една партија, нема да имаат помалку од 13. Ако пак, се случи Алијансата да настапи сама, во тој случај веруваат дека ќе бидат победници кај албанскиот политички блок со 9 или 10 пратеници.
Според него, ДУИ нема да освои повеќе од 7 мандати. Во однос на анкетите што се објавуваат речиси секој ден, Села рече дека тие не се многу веродостојни бидејќи агенциите за мерење на јавното мислење манипулираат, исот како и политичките партии кои имаат пари. Според Села, Алијансата за Албанците е многу блиску со ДУИ.