Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во гостување на албанската телевизија РТВ Ора изјави дека македонските партии сакаат да направат етнички чиста држава, а во тоа, според него, им помага ДУИ.
-Македонските партии имаат интерес да направат етнички чиста држава во мултиетничка реалност. Македонија зависи од двата главни народа, Албанците и Македонците. Политиката од последните 30 години ги натера да градат своја национална држава. Заедно со ДУИ, тие успеваат, затоа што стапката на емиграција на Албанците е многу висока. Луѓето заминуваат затоа што се разочарани. Последните избори што ги добија беа украдени, бидејќи се занимаваа со закани и уцени за отпуштања. Ние стигнавме до 12 пратеници. Немавме членови на комисијата на избирачките места и тие манипулираа со гласањето – вели Села.