216
Зиадин Села ја повика колаицијата Вреди да им се придружи на фронтот за да му ги покажат црвените линии на Мицкоски.
Тој рече дека не сакаат да бидат дел од Владата, која, како што рече, е влада на срамот и е против граѓаните.
„Не стануваме дел од оваа влада на срамот, против граѓаните! ВЛЕН денес излегува и продава невистини во јавноста, не е достоен за албанските достигнувања. Мораме да престанеме со ваквото насилство, апелирам до лидерите на ВЛЕН, направете да се чувствуваме горди во нашата земја и ние воопшто немаме цел на власт, ние не доаѓаме на власт, туку вие дојдете на фронтот и заедно со нас покажете му ги црвените линии на Мицкоски дека нема право да се однесува како што сака со овој народ“, рече Села.