По денешната средба помеѓу лидерите на Алтернатива и СДСМ, Африм Гаши и Зоран Заев, Алијансата на Албанците излезе со соопштение дека Алтернатива минимум трипати го прекршила договорот за коалиција со Алијансата на Албанците.
„Политичката автономија на секој субјект е прифатен факт за Алијансата за Албанците, како што и договорите потпишани меѓу субјектите, без разлика дали се политички, подразбираат откажување од дел од нејзината автономија. Договорот потпишан за коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата, јасно ги дефинира критериумите и временските рокови на оваа коалиција, односно во членот 6 од овој договор стои дека: „Странките се договорија оваа соработка да важи до следните парламентарни избори“, се наведува во соопштението.
Оттаму велат дека Алтернатива треба да ги разјасни своите позиции во однос на овој договор, кој го прекршуваа со јавна средба со премиерот во оставка, Зоран Заев за да разговара за можноста за влез во Владата.
“Нашиот досегашен молк никако не е слабост, туку сериозност кон потписот што го ставивме во договорот и политичкиот морал што сакаме да и го пренесеме на јавноста, дека на крајот дадениот збор докажан со потпис, за нас представува вредност. Чекањето се однесува на можноста што сакаме да ја дадеме да размислувате за политичките чекори што се преземени од вас.
Минимумот на коректност што го очекуваме од вас е да одговорите дали е валиден или не договорот потпишан меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата? Ако не, тогаш не ни останува ништо друго освен да ви посакаме успех на вашиот пат, кој за нас е погрешен и во целосна спротивност со вољата што го изразија граѓаните кои гласаа за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива“, соопшти Алијанса на Албанците.
Паритијата изрази жалење за, како што рече, разочарувањето што го предизвикала Алтернатива кон опозициските гласачи.
„На истите ние им остануваме верни во нашето понатамошно политичко патување, држејќи ги вратите отворени за сите оние кои за кои е свет дадениот збор пред граѓаните. Ја информираме јавноста дека Алијансата за Албанците во иднина добро ќе размисли со кого ќе потпише коалициски договор“, соопшти АА.