Во однос на судскиот процес што се води околу прашањето на кому му припаѓаат печатите, според Зијадин Села, Алијанса за Албанците има две опции на претстојните избори – да се приклучи кон еден од двата формирани албански блока или да не учествува на изборите, вели Зијадин Села од АА во синоќешното интервју за ТВ 21.
Тој во синоќешното интервју за ТВ 21 вели дека судењето нема да заврши во законскиот рок, што значи дека Алијанса за Албанците не би можела да оди сама на изборите.
„Имајќи во предвид дека судскиот процес за тоа кому припаѓа печатот на партијата Алијанса за Албанците не е завршен, а по се изгледа дека нема да се заврши во законскиот рок, ние нема да можеме да одиме сами на избори. Ни остануваат два избора, или да не учествуваме на изборите, или да се приклучиме на еден од двата формирани албански блокови. Сепак, Централното собрание на партијата ќе одлучи за следните наши чекори“,изјави Села во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.