Села: Ако направите македонска Влада, ние ќе направиме албанска Влада!

by Fokus

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја продолжија својата изборна кампања со промоција во Струга. Зијадин Села му порача на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека ако планира мнозинство само со македонски партии, Албанците ќе формираат влада со албанските политички партии.

„Дали сте свесни дека со ова, кога сте исклучени од системот, имате право да го бојкотирате системот? И кога го бојкотирате системот, имате право да направите паралелен систем. Ако сакате да направите македонска Влада, верувам дека Албанците ќе направат албанска Влада, немајте дилема“, изјави Села.

Поврзани новости