518
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во синоќешното гостување на „Што не е јасно“ на Алфа, упати критики кон првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, поради како што рече, трковите што ги прави.
„Сите овие години, од 2011 година, ДУИ работи на полето за трет албански блок. Од друга страна, нивниот лидер повикува да се соединат сите албански политички партии, бидејќи е сигурен во своите трикови зад завесата што ги прави. Ако сакате да барате виновник, мислам дека тоа се старите политички партии. Не верувам дека ќе „пали“ намерата на ДУИ и Ахмети да креираат нови политички партии. Многу мали политички партии, после изборите во април веќе ќе ги нема на политичката сцена“, истакна Села.