Промената на власта ќе значи и промена на политичкиот менталитет и раководењето со земјата, изјави во Тетово лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
-Албанците во 2016 веруваат дека ќе се урне режим, пола од режимот падна. Нашата коалиција ќе донесе промена и пад и на другиот дел од режимот. Нема да дозволиме нашиот јазик да биде нарекуван јазикот на 20 проценти, туку албански јазик во законот за јазици – рече Села.
Тој додаде дека граѓаните на изборите ќе го пратат Али Ахмети во опозиција.
-Ахмети 18 години беше на власт и не успеа да ги одбрани интересите на Албанците и сега бара Албанец премиер. Во овие 18 години ти беше премиер на Албанците и имаше на располагање буџет од 60 милијарди и не успеа да обезбедиш елементарни услови за Албанците како училишта и градинки – рече Села.