Сексуално вознемирување на УКИМ: Професори на студенти им се обраќале со „злато“, „кукле“, „маче“

by Fokus

Еден од пет студенти или 21,3 отсто биле во ситуација професор/ка да им се обрати со прекар како „девојче“, „злато“, „кукле“, „маче“. Еден од четири студенти или 26,2 отсто, пак, биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор/ка, а на 15,6 проценти од студентите им било даден коментар за нивниот физички изглед, по што се чувствувале непријатно и сексуализирано. Дури 88,5 проценти од студентите не знаат каде можат да пријават сексуално вознемирување што се случило на УКИМ.

Ова го покажува истражувањето „Перцепцијата и искуството на студент(к)ите при УКИМ со сексуално вознемирување“, спроведено од студентите на Меѓународните интеркултурни студии во соработка со здружението Младински мировен хаб и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје.

 

Поврзани новости