Позицијата на здравствените работници во Црна Гора се смени за време на епидемијата на коронавирусот, така што голем број од нив беа преоптоварени, бидејќи има голем број вработени кои се заразени или изолирани, изјави за Дан претседателот на Здравствениот синдикат, Владимир Павичевиќ.
Павичевиќ нагласи дека, според нивните податоци, околу 30 проценти од здравствените работници во ковид-одделите биле заразени со корона, речиси секој трет.
-Исто така, немаме прецизни податоци за бројот на здравствени работници кои починале како резултат на Ковид-19,но сепак, знаеме дека најмладиот здравствен работник кој почина од тој вирус имал 35 години. Поради големиот број на заразени работници, работниот процес е тежок. Сепак, верувам дека здравствениот систем успешно одговори на овие предизвици , изјави тој.
Кога станува збор за финансиската состојба, Павичевиќ посочува дека тоа не е добро, и дека зголемувањето на платите од 12 проценти лани и три проценти годинава, секако не е доволно за здравствените работници.
Зборувајќи за односот на владата кон медицинските лица, претседателот на Синдикатот за здравство посочува дека ситуацијата е комплицирана и не би било фер да се изврши притисок во овој момент.
Павичевиќ се надева дека значителен број граѓани ќе бидат вакцинирани до крајот на април.
-Дури тогаш очекувам дека бројот на новозаразени ќе биде многу помал отколку сега. Бидејќи еден број е веќе заразен, и се очекува до тој период да бидат вакцинирани околу 100.000 граѓани, така што очекувам состојбата да биде значително подобра во мај, изјави тој.
Во Црна Гора вчера почна вакцинацијата со руска вакцина против Ковид-19.
-Кога станува збор за вакцинирање, пандемијата покажа што значи вакцината за човештвото и веројатно тоа медицинското средство што спасило најмногу човечки животи. Според искувствата од регионот, нема информации за драматични нуспојави така што не треба да се прави разлика дали е подобра руската, кинеската, вакцината на Фајзер или некоја друга вакцина, изјави тој.