Новата студија објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) открива дека приближно еден од три лица кои имале ковид-19 пријавиле дека имаат симптоми два месеци подоцна.
Студија спроведена во Лонг Бич, Калифорнија, покажа дека една третина од оние кои биле позитивни на вирусот корона пријавиле барем еден симптом на болеста четири или повеќе недели по позитивниот тест, пренесува Гласот на Америка.
Според ЦДЦ, симптомите на болеста биле полоши кај жените, Афроамериканците, постари од 40 години и оние со претходни здравствени проблеми или состојби.
ЦДЦ го опишува „продолжениот ковид“ како симптоми што се јавуваат четири или повеќе недели по позитивниот тест.
Во студијата, Одделот за здравство и социјални услуги во Лонг Бич интервјуирал 366 луѓе, на возраст од 18 години и повеќе, случајно избрани од две тест-групи кои имале позитивен тест помеѓу 1 април и 10 декември 2020 година.
На почетокот на овој месец, ЦДЦ објави истражување според кое невакцинираните лица имаат 17 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани поради компликации од ковид-19 отколку луѓето што се целосно вакцинирани.