Секој трет тестиран е позитивен на Ковид-19. Активни се 13.962, а повеќе од половината, 7.624 се во Скопје. Надлежните велат дека нема потреба од нови рестрикции и дека најдобар начин за справување со пандемијата е вакцинацијата.
Апел за имунизација и почитување не мерките вчера упатија министерот за здравство Беким Сали и верските лидери. Вакцинацијата е најсоодветна и најдобра можност за заштита од ковид19, порачаа поглаварите на верските заедници.
– Во време на пандемија, кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме и многу наши драги најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме апел секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата за вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на спојот и на животот на луѓето околу нас од ова пандемија која веќе две години го сменил и начинот на нашето живеење, рече министерот по средбата со поглаварите.
Според вчера објавените податоци при направени се 4.811 тестови, регистрирани се 1.715 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати лица и 2.057 оздравени пациенти.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 13.962.