Речоси секој трет жител на Албанија планира да емигрира, што е највисока стапка во регионот.
Резултати од истражувања спроведени во периодот од мај до јуни годинава меѓу 6.000 луѓе во шест земји од Западен Балкан покажаа дека во Албанија, која досега доживеа најсилна емиграција во регионот, сѐ уште е најголема желбата за емиграција, особено меѓу образованите млади луѓе, се наведува во анализата на Регионалниот совет за соработка.
„Битно е дека 18 отсто од нив веќе имаат планови и нашле начини да избегаат. Резултатите покажуваат дека емиграцијата во Албанија е поагресивна отколку во другите земји, бидејќи поголем процент од Албанците не сакаат да емигрираат привремено, туку трајно. Од албанските граѓани што се подготвени да заминат, речиси 44 отсто сакаат трајно да емигрираат, што е највисоко ниво во регионот. Оние што имаат намера да заминат генерално се во активната работна сила од 18 до 44 години, додека оние кои не сакаат да заминат доминираат во групата од 45 до 65 и повеќе години“, стои во анализата.
Се оценува дека оваа ситуација условува поголем недостиг на работна сила, кој веќе се смета за „итен случај за Албанија“.