Властите во Тексас одобрија предлог-закон со кој на луѓето од 21 година и повеќе им се дозволува да носат пиштоли без дозвола, или придружна проверка и обука.
Откако ќе биде потпишан законот, Тексас ќе биде 19-та држава во САД што дозволува носење оружје без дозвола.Сегашниот државен закон им дозволува на жителите од 21 година или повеќе да носат пиштол само по завршувањето на потребната обука и проверка на кривична позадина за да добијат дозвола за носење.
Предлог-законот сега се упатува кон бирото на гувернерот Грег Абот за потпишување, што тој посочи дека тоа и ќе го стори. Тексас веќе има некои од најслабите ограничувања за оружје во САД. Ова ќе се дозволли се додека сопственикот „не е крвичпно гонет или некоја друга законска забрана“, иако не е јасно како ова ќе се утврди без проверки.
Групите за контрола на оружје се спротивставија на мерката, посочувајќи ја историјата на масовните пукања во Тексас, јавија американски медиуми.