СДСМ се консолидираше по поразот на локалните избори минатата година и ги екипираше извршниот одбор сите општински ораганизации, посочи претседателот Димитар Ковачевски во интервју на телевизија Алсат.
„Значи ние имаме над 80 проценти претседатели на општински организации, и веќе се воспоставени внатрепартиските активности кои се потребни на ниво на општинските организации и месните организациии и многу скоро ќе ги видите општинските организации и раководството на СДСМ на терен помеѓу граѓаните со организирање на трибини.“ посочи Ковачевски.
Ковачевски истакна дека СДСМ за разлика од другите политички парти е отворена партија, каде се негува духот на демократијата.
„СДСМ е отворена партија, има место за сите. Секој може својата политичка визија да ја артикулира во СДСМ. Јас дури и важам за човек на кого што може секој став да му биде кажан, меѓутоа исто така важам и за човек кој секогаш ќе ви го каже своето отворено мислење за секој член или за секој орган на партијата.“ заклучи претседателот Ковачевски.