Сека Алексиќ остана без струмичко слатко од смокви, откажано и е гостувањето

by fokus

Популарната трубо фолк пејачка Сека Алексиќ, која пред пет дена по подолга пауза дојде во Македонија и имаше настап во хотел во Кочани, го откажа најавеното гостување во Струмица, кое требаше да се случи на 5-ти јануари (петок).

Таа на својата официјална страница уште пред две недели објави дека ќе настапува во клуб во Струмица, но во меѓувреме, клубот бил привремено затворен, па нејзиниот настап е откажан.
Веста дека е откажано гостувањето на Сека во струмичкиот клуб ни ја потврдија и од таму, посочувајќи дека клубот нема да работи.

Инаку, Алексиќ изминативе години живее повлечен живот и е посветена на синовите и сопругот, па гостувањата во земјава и се ретки. Последен пат гостуваше во Струмица пред околу три години, кога дојде заедно со сопругот Вељко.

Тогаш имаше настап во ноќен клуб, а наредниот ден го искористила да ги проба традиционалните кулинарски специјалитети во локал во близина на Струмица.

Раскажа дека многу и се допаднало популарното печено јагнешко во ресторан во Мрзенци, како и слаткото од диви смокви. Организаторите на настапот ја испратиле назад во Србија со неколку тегли слатко, а кога се вратила во Белград им се јавила и побарала да и испратат уште некоја тегла слатко, бидејќи сите се воодушевиле од специфичниот вкус и мирис.

Пејачката беше актуелна во земјава и пред десет години, кога дојде во Скопје на покана од Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Ромите. Тогаш пееше на предизборен митинг во Шутка, предводен од кандидатот за градоначалник Елвис Бајрам, син на Амди.

Вики Клинчарова

Поврзани новости