Мухамед Сејдини и следните четири години ќе ја извршува претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија.
Сејдини на денешното Изборно собрание ја доби поддршката на сите 52 присутни делегати.
Во текот на Собранието на ФФМ, претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино, преку видео-обраќање му искажа поддршка на Сејдини и предвреме му го честиташе новиот мандат.
Сејдини се заблагодари на поддршката на присутните делегати и побара прошка доколку направил грешки во изминатиот двегодишен период на чело на ФФМ.
Тој исто така ја повика Агенцијата за млади и спорт, преку разговори да се решат спорните моменти.
– Отворени сме преку разговори и конструктивни предлози, но без политичко влијание, да седнеме со АМС и да ги надминеме несогласувањата околу Статутот, порача Сејдини.
Фото – ФФМ