Холандскиот сеизмолог Френк Хугербетс, кој го предвиде земјотресот во Турција на 6 февруари, сега прогнозира земјотреси во Шпанија и Португалија, пренесува RT на шпански.
Тој предупреди на можни појави на земјотреси во регионот по смртоносниот земјотрес во Мароко на 8 септември и потсети дека југот на Шпанија и северот на Мароко претставуваат области со силна сеизмичка активност.
Хугербетс, кој работеше на Геометријата на Сончевиот Систем (SSGEOS), предупреди на „опасноста од голем земјотрес долж планинскиот венец Кејп Сент Винсент на Азорите“, кој се наоѓа југозападно од Португалија.
Според пресметките, зголемувањето на активноста би можело да достигне магнитуда од шест степени според Рихтеровата скала, што ќе доведе до создавање на цунами во крајбрежните области.
Сеизмологот посебно се осврна на бреговите на Мароко, Португалија и Шпанија, кои ги смета за „опасни зони“.
Инаку, Хугербетс вели дека во своите предвидувања користи метод кој ја следи геометријата на небесните тела.
Според неговото мислење, земјотресите се резултат на дејството на привлечните сили на планетите од Сончевиот систем, а во тоа е особено важно влијанието на Месечината, пренесува ТВ „Антена 3“.
Хугербетс даде точна прогноза за земјотресот што ја погоди Турција во февруари оваа година, но во 2015 година погрешно процени дека земјотресот ќе се случи во Соединетите Американски Држави.
Сепак, Американскиот геолошки институт (USGS) предупредува дека е невозможно да се предвиди земјотрес и дека ниту еден научник досега не успеал да го направи тоа.