СЕХА: Вардар и Пелистер ги дознаа термините за нокаут фазата

by Fokus

Регионалната ракометна СЕХА лига денеска ги објави датумите за одигрување на натпреварите од четвртфиналето во кое пласман покрај двете македонски екипи, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, обезбедија и ППД Загреб, Нексе, Мотор Запорожје, Веспрем, Мешков Брест и Татран Прешов.

Нокаут фазата, како што е соопштено, почнува на 21 август со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест. На 24 август на распоредот се два натпревари, Татран – Мотор и Нексе – Веспрем, додека првите четвртфинални натпревари ќе бидат заокружени на 26 август со пресметката меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб.

Еурофарм Пелистер својот реванш-натпревар против Мешков Брест ќе го игра на 29 август, додека Вардар ќе му гостува на Загреб на 31 август.

Вкупните победници ќе обезбедат пласман на фајналфор турнирот, а титулата ја брани Веспрем.

Поврзани новости